• среда, 17 јули 2024

Маричиќ: ИПА програмата е конкретна поддршка за продолжување на клучните реформски активности (ДПЛ)

Маричиќ: ИПА програмата е конкретна поддршка за продолжување на клучните реформски активности (ДПЛ)

Скопје, 8 март 2023 (МИА) - Вицепремиерот задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ и директорката на Генералниот директорат за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Комисија, Михаела Матуела денеска во Скопје копретседаваа со првиот Комитет за следење на ИПА, од почетокот на преговорите на Северна Македонија со ЕУ.

- Ефикасното програмирање на проекти во оваа фаза од преговорите ќе биде клучно за напредокот во реформите, но и важно за областите на транспорт и енергетика. Од тоа ќе зависи динамиката на процесот на преговори, но е и од големо значење за нашите граѓани, за регионот, како и за самата ЕУ, бидејќи на овој начин придонесуваме за наше посилно поврзување, побрзо интегрирање и напредок, рече Маричиќ пред членовите на Комитетот за мониторинг на ИПА.

Вицепремиерот задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ и директорката на Генералниот директорат за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Комисија, Михаела Мату

Маричиќ додаде дека Владата е целосно посветена да продолжи да испорачува и обезбедува непречен напредок на пристапните преговори, а добрососедските односи и продлабочувањето на регионалната соработка се високо на владината агенда.

Директорката Матуела, во своето обраќање нагласи дека иднината на Северна Македонија е во ЕУ и дека е важно земјата да продолжи да ги унапредува реформите поврзани со ЕУ, пред сè во интерес на сите граѓани.

- Стоиме покрај вас и посветени сме да ја придружуваме Северна Македонија на нејзиниот пат кон ЕУ, вклучително и преку нашата финансиска помош. Во овие важни моменти разговараме и за нашата финансиска соработка, рече Матуела, додавајќи дека ЕУ е со нас во справувањето со последиците од руската инвазија на Украина, потенцирајќи го енергетскиот пакет поддршка од 1 милијарда евра и Економскиот и инвестициски план за Западен Балкан, кој ја вклучува и Северна Македонија.

Како што соопшти СЕП, вицепремиерот и национален ИПА координатор на состанокот се заблагодари за помошта за време на пандемијата COVID-19 и неодамнешната поддршка со енергетскиот пакет и истакна дека ЕУ е најголемиот донатор и инвеститор во Северна Македонија.

Маричиќ посочи дека планирањето на ИПА на национално ниво треба дополнително да ја зајакне реформата на јавната администрација, решавањето на прашањата поврзани со заштита на животната средина, да ги подобри услови за владеење на правото, слободата на изразување и социјалната вклученост.

Во однос на пристапните преговори Маричиќ рече дека добро би било да имаме повеќе инвестиции во рамките на ИПА, кои ќе ја приближат земјата до ЕУ и укажа дека треба да имаме пофлексибилна и попрецизна помош, која се заснова на препораките од скрининг извештаите и извештаите за напредок.

- На Комитетот за мониторинг на ИПА, прв откако Северна Македонија стана земја преговарач со ЕУ, беше дискутирано за статусот на имплементација на ИПА II и ИПА III, предизвиците со кои се соочуваме, како и за мерките и активностите што во текот на оваа година треба да се преземат во спроведувањето на ИПА, се додава во соопштението од Секретаријатот за европски прашања. сп/

Фото: Фејсбук

 

Остани поврзан