• вторник, 02 јули 2024

Манчини: Италија против Аргентина е класика на светскиот фудбал

Манчини: Италија против Аргентина е класика на светскиот фудбал
Лондон, 1 јуни 2022 (МИА) - Селекторот на италијанската фудбалска репрезентација Роберто Манчини го кажа своето мислење во пресрет на денешниот натпревар со Аргентина. На натпреварот на Вембли ќе се сретнат победникот на Евро 2020 и победникот на Купот на Америка 2021 година. - Италија против Аргентина е класика на светскиот фудбал. Благодарение на нашиот натпревар ќе бидат спомнати многу легендарни играчи. Ќе биде одличен, многу интересен натпревар. Штета што останавме без Киеза, Имобиле, Берарди и Верати. Сепак, секој од оние што ќе ги заменат ќе има одличен натпревар. Репрезентацијата на Аргентина е многу силна, исто и ние, изјави Манчини. Натпреварот во Лондон е закажан за вечер со почеток во 20 часот и 45 минути. зс/

Остани поврзан