• петок, 05 декември 2025

Манасиевски: Дали сопругата на Реџеп Исмаил била специјален советник во МНР кога Владата ја предводеше Заев, во време кога беа потпишани срамните договори со Бугарија и Грција?

Манасиевски: Дали сопругата на Реџеп Исмаил била специјален советник во МНР кога Владата ја предводеше Заев, во време кога беа потпишани срамните договори со Бугарија и Грција?

Скопје, 25 септември 2025  

Дали сопругата на Реџеп Исмаил била специјален советник во МНР кога Владата ја предводеше Зоран Заев, во време кога беа потпишани срамните договори со Бугарија и Грција? По информација добиена од свиркачи, сопругата на Реџеп Исмаил, била специјален советник во МНР додека претседател на таа Влада беше Зоран Заев, односно предводена од СДС и ДУИ, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ од денешната прес-конференција на Валентин Манасиевски, член на ЦК на партијата, што МИА го пренесува интегрално.

Ангажманот на сопругата на Исмаил како таков не е проблематичен, туку е контрадикторен со ставовите на Левица, бидејќи тие се против договорите со Грција и Бугарија, а таа била дел од преговорите во тимот на Заев, односно на СДС и ДУИ, кои ги потпиша овие срамни договори на штета на македонскиот народ.

Оттука се поставува прашањето, дали Левица и Реџеп Исмаил го делат истото мислење? Дали Реџеп Исмаил пред јавноста  вели дека е против договорите со Грција и Бугарија, а во позадина ги одобрува овие договори?  Дали Реџеп Исмаил е против ЕУ и НАТО или тоа е само маркетиншки трик за во јавноста? И најважно, дали со ова се потврдува коалицијата на СДС, ДУИ и Левица?

Левица и со ова потврдува дека и во раководството изгледа сите не го делат истото мислење. Додека Апасиев се труди од петни жили да каже дека договорите со Бугарија и со Грција се штетни, Исмаил истите ги одобрува и поддржува.

Лицемерието и дволичноста на Левица и на Исмаил повторно се докажува. По ова јасно е дека тие се интересираат само за нивните цели, а не за македонскиот народ.

 

Линк од видео материјал:
https://www.youtube.com/watch?v=Dngn_2wqSYc

https://we.tl/t-QkJclKED56

 

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Фото: ВМРО-ДПМНЕ 

 

Остани поврзан