• понеделник, 20 мај 2024

Малдини ја блокирал размената на Сусо за Ендер

Малдини ја блокирал размената на Сусо за Ендер
Милано, 10 јануари 2020 (МИА) - Денес „Газета дело Спорт“ излезе со информација, дека се подготвува размена според која Рома ќе го привлечат крилото на Милан, Сусо и да го испратат својот играч Џенгиз Ендер во спротивна насока. Според новинарот на „Спорт Италија“, Алесандро Јакобоне, таква понуда е веќе направена. Агентите на двајцата играчи го подготвиле својот дел од договорот, а Рома, исто така, се согласиле за сите детали за договорот. Сепак, техничкиот директор на Милан, Паоло Малдини ја блокираше засегнатата размена, бидејќи го претпочитал крилото на Интер, Матео Политано. Се споменува дека разочарување од овој развој на настаните е најмногу кај агентот на шпанскиот фудбалер - Мино Рајола.

Остани поврзан