Трагичната сезона на Манчестер Јунајтед потврдена со уште два анти-рекорди
- Манчестер Јунајтед со последниот судиски свиреж постигна уште еден анти-рекорд во сезоната во вчерашната победа над Брајтон.
Манчестер, 20 мај 2024 (МИА) - Манчестер Јунајтед со последниот судиски свиреж постигна уште еден анти-рекорд во сезоната во вчерашната победа над Брајтон.
„Црвените ѓаволи“ победија со 2:0 на гостувањето кај „галебите“, што им овозможи да соберат 60 бода во 38 кола, заземајќи го осмото место во поредокот. Ова е најлошиот учинок на Манчестер Јунајтед во ерата на Премиер лигата, засенувајќи го постигнувањето во 2013/14 година на овој вид негативен пласман, кога под водство на Дејвид Мојс завршија седми со 64 поени.
Ова е воедно и прв случај во последните 34 години кога „црвените ѓаволи“ завршуваат со негатива гол разлика.
Дваесеткратниот шампион на Англија се уште има шанса барем делумно да го избрише својот екстремно негативен настап на крајот на неделата кога во финалето на ФА Купот ќе се соочи со градскиот ривал Манчестер Сити. дс
Фото: Архива