• петок, 17 мај 2024

Мала куќа на изолиран пуст остров, се продава за 339.000 долари

Мала куќа на изолиран пуст остров, се продава за 339.000 долари
Њујорк, 19 април 2022 (МИА) - Уникатна куќарка со една спална соба, во Мејн (САД), обично, ја нарекуваат „најосамената куќа на светот“, а сега се продава за 339.000 долари.

Со завидна глетка на Атлантскиот Океан, имотот сепак нема бања, но ниту соседи. Куќата се наоѓа на само неколку метри од брегот - од сите страни, што на потенцијалните купувачи им овозможува поглед на природата од 360 степени. Иако мала, оваа убаво украсена дрвена куќа е идеална за оние кои сакаат да живеат едноставен начин на живот.

Во огласот се наведува: „Нема подобро место за викенд во светот. Приморјето околу островот е полно фоки, кои се постојана забава“.

Изолираниот имот е изграден 2009 година и се наоѓа во Округот Вашингтон, а со неа купувачот го добива и пустиот остров на којшто таа се наоѓа. Инаку, и покрај малата површина од 300 квадратни метри, островот има и мала плажа за сончање. си/ссм

Остани поврзан