• понеделник, 01 јули 2024

Бејби Лазања ја одби владината парична награда од 50.000 евра

Бејби Лазања ја одби владината парична награда од 50.000 евра

Загреб, 16 мај 2024 (МИА) - Годинешниот претставник на Хрватска на „Евровизија“ - Марко Пуришиќ, чие уметничко име е Бејби Лазања, денеска изјави дека не ја прифаќа владината парична награда од 50.000 евра, бидејќи има многу поединци и организации на кои им требаат тие пари повеќе.

Бејби Лазања во објава на Инстаграм ѝ се заблагодари на Владата на Хрватска за паричната награда и од техничкиот премиер Андреј Пленковиќ... Но, побара да донираат по 25.000 евра на Институтот за детска онкологија и хематологија со дневната болница „Младен Ќепулиќ“ и Институтот за детска хематологија, онкологија и трансплантација во Загреб.

Пленковиќ претходно на владината седница најави дека Владата ќе го награди хрватскиот претставник на „Евросонг“ со 50.000 евра, за „огромна промоција на Хрватска“ и за освоеното второ место.  си/

Фото: МИА архива

Остани поврзан