• петок, 22 ноември 2024

Морската сол делотворна против мрсна коса

Морската сол делотворна против мрсна коса

Лос Анџелес, 15 мај 2024 (МИА) - Проблемот со мрсна коса е предизвикан од акумулацијата на тн. Себум - природни масти што самата кожа ги лачи за да ја одржи виталноста на влакната. Така, еден од начините да се избегне мрсна коса, е спреј со морска сол, советува стручњакот Скот Мекглин.

- (Себумот) е неопходен за зајакнување на надворешните слоеви на косата и заштита на деликатните протеини во внатрешноста на косата... Но, ако Ви се чини дека таа изгледа мрсно многу бргу откако ќе ја измиете, тоа може да биде поради начинот на којшто се грижите за Вашата коса, Мекглин.

Следи појаснување на негувањето со морска сол. 

- Ја нанесувам, со распрскувачот, на влажна коса и масирам. Потоа ја сушам косата со фен. На овој начин убаво ќе ја обликувате косата и таа нема да изгледа лепливо и мрсно, објаснува тој.

Скот споделува совети за убавина и средување на Инстаграм и Тикток (scottmcglinnofficial) и има 245.000 следачи. си/рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан