• сабота, 24 август 2024

Македонско финале на турнирот „Крсте Андоновски“

Македонско финале на турнирот „Крсте Андоновски“

Охрид, 24 август 2024 (МИА) – Екипите на Вардар и Алкалоид ќе играат во финалето на меѓународниот ракометен турнир „Крсте Андоновски“ во Охрид. 

Ова е епилогот по завршување на групната фаза.

Во вчерашните натпревари од последното коло, Алкалоид забележа победа над црногорскиот тим Ловќен со 34:30. Претходно Алкалоид ги совлада Динамо Панчево (Србија) и Олимпијакос (Грција).

Вардарци беа поуспешни од Целје (Словенија) со 31:27. Ова е трета победа за „црвено-црните“, по Охрид и Партизан (Србија).

Финалето ќе се игра вечер од 20 часот во салата „Билјанини Извори“. зс/

Фото: РК Алкалоид

Остани поврзан