• понеделник, 23 декември 2024

„Македонски концепт“ ја промовираше предизборната програма и химната на партијата

„Македонски концепт“ ја промовираше предизборната програма и химната на партијата

Скопје, 21 декември 2023 (МИА) - Партијата „Македонски концепт“ синоќа ја промовираше предизборната програма и песната „Земјо моја“ од Јане Коџобашија како химна на партијата. 

Лидерот на партијата Петар Богоjевски пред присутните рече дека имаат кристално јасни и конзистентни ставови од моментот кога се појавиле како движење, а потоа и како партија. 

- Направивме партија не за нас, туку за народот затоа и слоганот на партијата е „Партија на народот“, создадена од народот, да му служи на народот. Често има критики дека не ни се јасни ставовите, но мислам дека нема партија со покристални ставови од нас, рече Богоjевски. 

Посочи дека како партија точно знаат каде треба да движи државата во иднина. Се залагаат за држава со најниски даноци, за граѓански устав и вработувања по компетенции и квалитет, а не по етничка основа. 

- Имаме проблеми со ЕУ, но ние имаме решение, а тоа е граѓанскиот устав. За разлика од сите партии што препелкаат во блато, ние точно знаеме каде одиме, каде се движиме и како ќе ја внесеме оваа земја во Европската унија. Имаме проблем со бугарски договор, но ние имаме решение. Тој договор е раскинат од страна на Бугарија, само во Македонија нема храбри луѓе тоа да го констатираат. Ние тоа само ќе го констатираме. Имаме проблеми со имплементација на Преспанскиот договор, но исто така ние имаме решение. Нашата максима е - нема влез во ЕУ, нема Северна. Или преговори или согласно одредбите на Преспанскиот договор, суспендираме употреба на Северна за внатрешна употреба. Имаме проблеми со Охридскиот договор, но имаме решение, а тоа е граганскиот услов без Бадентер и без балансери, рече Богоевски. бак/нд/

Фото: Принтскрин

 

 

Остани поврзан