• петок, 22 ноември 2024

Македонските фудбалерки ги добија ривалите во квалификациите за Светскиот куп

Македонските фудбалерки ги добија ривалите во квалификациите за Светскиот куп
Скопје, 30 април 2021 (МИА) – Македонската женска фудбалска репрезентација ќе игра во групата „Д“ со селекциите на Англија, Австрија, Северна Ирска, Летонија и Луксембург во квалификациите за Светскиот куп 2023. Во овие квалификации ќе учествуваат рекордни 51 репрезентација, поделени во шест групи со по шест тимови и три групи со пет селекции. Натпреварите ќе се играат од септември 2021 година до септември 2022 година. Победниците од деветте квалификациски групи ќе се пласираат директно на финалниот турнир во Австралија и Нов Зеланд, додека второпласираните во групите ќе играат баражи  во октомври 2022 година. зс/

Остани поврзан