• понеделник, 04 ноември 2024

Македонските млади ракометари се вратија од минус седум на дуелот со Хрватска

Македонските млади ракометари се вратија од минус седум на дуелот со Хрватска

Целје, 11 јули 2024 (МИА) - Македонската ракометна репрезентација попладнево одигра нерешено 24:24 со Хрватска во вториот натпревар на Европското првенство У20. 

Избраниците на селекторот Радослав Стојановиќ добро го почнаа натпреварот, водеа со 1-2 гола разлика дваесетина минути, но потоа следуваше пад во играта. Хрватите со серија од 7:1 направија резултатски пресврт и негативатаја претворија во предност од пет голови разлика на полувреме (15:10).

Хрватска во второто полувреме дојде и до највисоки +7 (18:11). Македонците не се предадоа и со поагресивна игра почнаа да ја намалуваат негативата  и со серија од 9:1 дојдоа до водство (20:19).

До крајот се играше рамноправно, Хрватска четири пати водеше, Македонија изедначуваше за на крај да се заврши со поделба на бодовите.

Од 16:40 се игра другиот натпревар од 2. коло во А-групата во кој се среќаваат Австрија и Црна Гора.

Македонија има 3 бода од два натпревара, Австрија 2 од една средба, Хрватска 1 од два меча, Црна Гора е без освоен бод по еден натпревар. зс/

ФОТО: РФМ

Остани поврзан