• недела, 22 декември 2024

Саjнц му се извини на тимот за несреќите на трката и квалификациите за Големата награда на Бразил

Саjнц му се извини на тимот за несреќите на трката и квалификациите за Големата награда на Бразил

Сао Паоло, 4 ноември 2024 (МИА) - Возачот на Ферари, Карлос Сајнц, се извини за неговите инциденти на квалификациите и главната трка од Формула 1 за Големата награда на Бразил.

Квалификациите и трката се одржаа на 2 и 3 ноември во тешки временски услови. Во првиот случај болидот на Шпанецот се изврти, по што неговиот заден дел удри во оградата на патеката. За време на главната трка се случи слична ситуација - судир со страничниот дел од болидот во заштитната бариера.

- Вистина е дека ја допрев белата линија. Но, тоа го направија и другите, и ништо не се случи. Па навистина ми е жал што се случи ова. Во исто време, забележувам дека се чувствував многу непријатно во автомобилот, кој чудно се однесуваше на влажниот пат. Тешко е да се разбере зошто, но оваа година е кошмар да се вози на дожд. Никогаш не сум сакал влажни патеки и денес беше уште еден лош пример. Беше многу тежок ден, направив две грешки кои не беа добри за мене или за тимот. Се извинувам, го цитира „FormulaPassion“ возачот на Ферари.

По трката за Големата награда на Бразил, Ферари го зазема второто место во поредокот на шампионатот за конструктори со 557 бодови. Сајнц е на 5. место во генералниот пласман на возачи со 244 бодови. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан