• понеделник, 20 мај 2024

Лукаку постави рекорд во евроквалификациите со 14 гола

Лукаку постави рекорд во евроквалификациите со 14 гола

Брисел, 20 ноември 2023 (МИА) - Белгискиот напаѓач Ромелу Лукаку вчеравечер постави нов рекорд во квалификацискиот натпревар за Европското фудбалско првенство 2024 против Азербејџан (5:0).

Триесетгодишниот Белгиец реализираше „покер“ и стигна до 14 гола во квалификациите за Еуро 2024, поставувајќи нов квалификациски рекорд. Т

Лукаку го подобри рекордот поставен од Ирецот Дејвид Хили во квалификациите за ЕП 2008 и Полјакот Роберт Левандовски во квалификациите за ЕП 2016, кои имаа по 13 гола.

Оваа сезона Лукаку одигра 14 натпревари за Рома и постигна девет голови. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан