• петок, 05 декември 2025

Лишен од слобода скопјанец кој со камења фрлал по хеликоптер додека полнел вода за гасење пожар

Лишен од слобода скопјанец кој со камења фрлал по хеликоптер додека полнел вода за гасење пожар

Скопје, 13 август 2025 (МИА) - Полициски службеници од ПС Карпош вчера го лишиле од слобода И.А. (55) од Скопје поради сомнение за сторено кривично дело, загрозување на безбедноста на воздушниот сообраќај.

Од МВР соопштија дека  на 6 јули 2025 година околу 18 часот, додека полицискиот хеликоптер приоѓал кон местото каде реката Лепенец се влива во реката Вардар со цел да наполни вода за гасење на пожарот во реонот на Блаце, пилотите забележале лице кое влегло во плиткиот дел на коритото на Вардар и мавтало со рацете, по што од лица кои биле присутни на местото на настанот биле известени дека лицето фрлало со камења кон воздухопловот Белл 412 и поради тоа биле принудени да го променат местото на полнење на вода, затоа што биле ставени во крајно безбедносно загрозување и тоа додека извршувале задачи за потребите на државата и граѓаните.

Полицијата информира дека по документирање на настанот, против И.А.ќе биде поднесена соодветна кривична пријава. бк/

фото: МИА архива

Остани поврзан