• петок, 22 ноември 2024

Лишен од слобода кавадарчанец кој физички нападнал помлад сограѓанин

Лишен од слобода кавадарчанец кој физички нападнал помлад сограѓанин
Кавадарци, 12 август 2022 (МИА) - Полициски службеници од ОВР Кавадарци, вчера  го лишиле од слобода Д.Т.(35) од Кавадарци. Тој на локалниот пат Дреново - Кавадарци со своето патничко возило „фиат пунто“ со кавадаречки регистарски ознаки, му го попречил патот на Л.М.(22) од Кавадарци кој се движел со патничко возило „голф“, со кавадаречки регистарски ознаки и физички го нападнал, информираа денеска од СВР Велес.
Оттаму додадоа дека Д.Т. бил приведен во Полициската станица во Кавадарци и по целосно документирање на настанот ќе следела соодветна пријава. свд/дма/

Остани поврзан