• петок, 05 декември 2025

Лишен од слобода жител на скопско Љуботен кој превезувал тутун без документација

Лишен од слобода жител на скопско Љуботен кој превезувал тутун без документација

Дебар, 25 мај 2025 (МИА) - Полициски службеници од дебарското Одделение за внатрешни работи вчера го лишиле од слобода С.Р.(33) од скопското село Љуботен, во чиј автомобил пронашле тутун, што го превезувал без документација. 

-При преглед во патничкиот автомобил „Голф“ со скопски регистарски ознаки, што тој го управувал, извршен на местото „Мост Радика“ (Мелнички Мост)  во близина на Дебар, полициските службеници пронајдоа и одзедоа најлонски кеси со вкупно 20 килограми тутун што го превезувал без соодветна документација, информираше Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи-Охрид. 

По насоки на јавен обвинител и по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена кривична пријава за сторено кривично „Избегнување плаќање на акциза“ по член чл.279-б од Кривичниот законик. вт/фф/

Фото: МИА

Тагови

Остани поврзан