• недела, 22 декември 2024

Либералната партија НЕОС се приклучува на разговорите за нова австриска влада

Либералната партија НЕОС се приклучува на разговорите за нова австриска влада

Виена, 11 ноември 2024 (МИА) - По т.н. истражувачките кругови разговори помеѓу Австриската народна партија (АНП) и Австриската социјалдемократска партија (АСДП) минатата недела, со цел утврдување на можностите за соработка во идната влада, денеска лидерите на АНП и АСДП за првпат ќе се сретнат со лидерот на либералната партија НЕОС, Беате Мајнл-Рајсингер.

За составување на идната коалициска влада е потребен трет партнер, бидејќи пратеничките места на конзервативците и социјалдемократите само со еден пратеник го надминуваат 50-процентното мнозинство. Не е назначен точен час за состанокот.

Потоа, истражувачките тимови на АНП и АСДП ќе се состанат за четврти круг. Целта е да се разјасни прашањето за трет партнер, дознав австриската новинска агенција АПА. Друг можен партнер за тричлена коалиција се Зелените. ссм/

фото: архива

Остани поврзан