• понеделник, 18 ноември 2024

Либанскиот премиер ги негираше обвинувањата дека перел пари во Франција

Либанскиот премиер ги негираше обвинувањата дека перел пари во Франција

Париз, 4 април 2024 (МИА) - Либанскиот премиер Наџиб Микати денеска негираше дека перел пари во Франција, каде против него е поднесена кривична пријава.

Жалбата против Микати, кој е премиер на Либан од 2021 година, во вторникот ја доставија до обвинителството две невладини организации кои се борат против корупцијата - Шерпа и Колективот на жртви на измами и криминални практики.

Француските обвинители допрва треба да одлучат дали ќе започнат истрага, а сумата за која станува збор не е откриена.

Шерпа најави дека целта е да се расветлат условите под кои либанските политичари како Микати се збогатиле и каква е улогата на финансиските посредници кои им го овозможиле тоа. Поднесокот го доведува во прашање и потеклото на парите што поминале низ францускиот банкарски систем.

Со околу 2,8 милијарди долари, Микати е бизнисмен и еден од најбогатите луѓе во Либан. Тој во 1980-тите ја основал телекомуникациската компанија Инвестком со неговиот брат Таха, која во 2006 година ја продаде на јужноафриканската групација МТН за 5,5 милијарди долари. паг/

Фото: МИА архива


  

 

Остани поврзан