• сабота, 16 ноември 2024

Лефков: Буџетот за 2025 е развоен, раст на економијата од 3.7%, повисоки плати и пензии и економска трансформација за државата

Лефков: Буџетот за 2025 е развоен, раст на економијата од 3.7%, повисоки плати и пензии и економска трансформација за државата

15 ноември 2024

Буџетот за 2025 година кој го предлага Владата на ВМРО-ДПМНЕ е развоен и има за цел економска трансформација на Македонија.

Со Буџетот се има за цел да се подржи економскиот раст, кој е проектиран на 3.7%.

За разлика од времето на СДС и ДУИ, со напорна работа на Владата на ВМРО-ДПМНЕ за само неколку месеци имаме реално зголемување на приходите од даноци и царини уште оваа година, а тоа е проектирано да се прелее и во 2025 година.

Со Буџетот се проектира раст на приходите од ДДВ за 10.5% повеќе од сега. Додека растот на приходите од царини ќе биде 20%.

Зголемените приходи во Буџетот ќе значат повеќе пари за народот.

Владата на ВМРО-ДПМНЕ за 2025 година со буџетот предвидува повисоки плати за наставниците и образовните работници од основното до високото образование. Ќе има повеќе за сите.

Покачување ќе добијат и здравствените работници, државната администрација и  полицијата.

Во 2025 година следува и второто зголемување на пензиите од 2500 денари за сите пензионери.

Покрај тоа што Владата зголемува во делот на средствата кои одат директно кај народот, истата проектира намалување во ставката набавка на стоки и услуги за 0.5%.

Почитувани,

2025 година ќе биде развојна година, со многу инвестиции, развој на компаниите и зголемена благостојба за граѓаните.

Владата договори 8 нови странски инвестиции, кои се договорени за помалку од 5 месеци. Темпото за нови инвестиции продолжува и во 2025 година.

ВМРО-ДПМНЕ работи на забрзана трансформација на државата.

Линк од видео материјал:
https://www.youtube.com/watch?v=2OcflC1-31E

https://we.tl/t-j3u4VHhKjD

Прес-конференција на Миле Лефков пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ

___________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

Остани поврзан