• недела, 22 декември 2024

Формиран Совет за поддршка на женско пртеприемништво на Општина Карпош

Формиран Совет за поддршка на женско пртеприемништво на Општина Карпош

Скопје, 16 ноември 2024

Во амфитеатарот на Универзитетот Скопје денеска се одржа конститутивната седница во чии рамки официјално беше формиран Локалниот совет за женско претприемништво на општина Карпош (ЛСЖП). Оттука, во работна атмосфера присутните расправаа и полноправно одлучуваа по неколку точки кои се најдоа на денешниот дневен ред. Во таа насока, доц. д-р Вера Бошковска едногласно беше избрана за Претседател на ЛСЖП, додека пак за нејзини заменички беа избрани координаторката од Општина Карпош за еднакви можности меѓу жените и мажите, Виолета Михајловска и претставничката од приватниот сектор, Марина Терповска Штарго. Со истата динамика, членовите и ја дадоа целосната доверба на Славица Новевска која отсега ќе ја извршува функцијата Секретар на Локалниот совет за женско претприемништво на општина Карпош.

Во текот на седницата се расправаше и за повеќе конструктивни предлози кои треба да резултираат со изработка на годишна програма за работа на Локалниот совет, како и за конципирање на повеќегодишна стратегија според која ќе функционира ова тело. Според статутот, ЛСЖП е предвиден да работи во насока на подобрување и унапредување на економско - финансиската независност кај жените кои живеат или работат на територијата на општината. Притоа, од тој аспект, од исклучително значење е зајакнување на капацитетите на граѓанските организации за женско претпримништво, со цел ефикасно креирање на политики преку кои ќе се застапуваат интересите на жените во локалните и национални власти.

На иницијативата за формирање на Локалниот совет за женско претприемништво и претходеше Декларацијата за подобрување и унапредување на положбата на женското претприемништво, која во февруари оваа година ја потпишаа градоначалникот Јакимовски и претседателката на Националната платформа за женско претприемништво, Валетина Дисоска.

Општина Карпош

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Фото: Општина Карпош

Остани поврзан