• петок, 22 ноември 2024

Лефков: Артан Груби го инкриминираше својот брат

Лефков: Артан Груби го инкриминираше својот брат

Скопје, 26 февруари 2023

 

Артан Груби сериозно го инкриминираше својот брат Ветон Груби. И од собраниска говорница, и од гостување во емисија кажа дека дуќанот на улица „Македонија“ од 127м2 е купен за 100.000 евра. Со тоа кажува дека цената платена по метар квадратен е 700 евра, односно 4 до 5 пати помалку од вообичаената цена за деловни простори во тој дел на Скопје.

Пазарната цена на метар квадратен е од 3.000 евра за метар квадратен па нагоре. Братот на Груби плаќа 700 евра.

И покрај високите цени на деловните и станбените објекти во Скопје, продажбата расте, граѓаните плаќаат и по 1.500 евра за метар квадратен стан во скопските населби, а се чека и за градба додека да се вселат, и додека тоа се случува братот на Груби купува дуќан од 127м2 за 700 евра по квадратен метар.

Доколку сега било кој сопственик на деловен објект на улица „Македонија“ објави дека истиот го продава не за 700 евра по квадрат како што го купил братот на Груби, туку за 3.000 евра, тој веднаш ќе има неколку купувачи спремни веднаш да платат.

Како братот на Груби купил објект и до 5 пати поевтино од пазарната цена.

Со самата разлика од 5 пати во цената која ја платил братот на Груби со пазарната цена, се доаѓа до два заклучока:

1. Или братот на Груби платил повеќе, но во кеш, и со тоа е избегната обврската истиот да го докажува потеклото на парите.

Или

2. Артан Груби злоупотребил функција и влијание за на некој начин да изврши притисок врз сопственикот или ветување за друга корист.

ЈО не смее да остане статист, иако знаеме дека Груби притиска да нема истрага. Разликата во цени е огромна и постапка мора да има.

Миле Лефков, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ

—————————————————————————————————————————

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан