• понеделник, 15 јули 2024

Левица: Приватните детски градинки не се решение, со нив ќе се продлабочат класните разлики ​​​​

Левица: Приватните детски градинки не се решение, со нив ќе се продлабочат класните разлики ​​​​

Скопје, 14 јули 2024 
​​​​
Десничарската логика на Владата предводена од ДПМНЕ и ЗНАМ вели дека профитот на олигаргијата која пенетрира во партиските штабови е многу поважна од воспитно-образовниот процес којшто го добиваат најмладите! Најавата од Владата предводена од ДПМНЕ и ЗНАМ за отворање на приватни градинки ќе ги продлабочи класните разлики во капиталистичкото општество и ќе започне да го дели општеството уште од најмала возраст! 

Ветувањето за нови градинки во секоја општина кое го најави ДПМНЕ на локалните избори, не само што не е остварено, туку од позиција на веќе апсолутна власт одлучува да спроведува политика што ќе го уништува социјалното уредување на државата, на сметка на родителите и децата, во насока на профит на блиската при себе - олигархија. 

Растеретување на државните капацитети во градинките и овозможување достојна грижа за децата е државна обврска од која не смее да се отстапи. 

Лага е дека решението на овој проблем е отворање на приватни детски градинки. Напротив, решението е едноставно, а тоа е отворање на нови државни капацитети, согласно демографските потреби на децата и водење на воспитно-образовниот процес од страна на стручните, наместо партиските кадри. 

Потенцираме дека ваквото решение во никој случај нема да го реши проблемот со детските градинки во руралните средини, а, секако, приватните инвеститори водени, единствено, од мотивот наречен профит, логично е да инвестираат само во густонаселените места, што покрај социјалното, ќе прави и демографско раслојување. 

Левица принципиелно се бори за она што припаѓа во сферата на јавното добро и социјалната држава и истото, исклучително, треба да биде обезбедено од страна на државата! За подобар воспитно - образовен систем се потребни политичка волја и здраворазумна политика, а решенијата за спроведување и надминување на ваквите проблеми се едноставни. Секоја политика во насока на приватизација на оваа сфера од општественото живеење е еднаква на варварство. СТОП ЗА ПРИВАТНИТЕ ГРАДИНКИ!

Сектор за медиуми и односи со јавност на ПП Левица

________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки
 
 

 
 
 

 

Остани поврзан