• понеделник, 23 декември 2024

Муртезани: Целта да бидеме дел од европското семејство не е само усогласување со стандардите на ЕУ, туку и нивно активно применување

Муртезани: Целта да бидеме дел од европското семејство не е само усогласување со стандардите на ЕУ, туку и нивно активно применување

Скопје, 15 јули 2024 (МИА) - Министерот за европски прашања Орхан Муртезани имаше воведно излагање на отворањето на Меѓународната балканска летна школа „Балканот и глобалната политика“, во просториите на Универзитетот на Југоисточна Европа во Скопје при што се осврнал на комплексноста на глобалните политички предизвици, и нивното навигирање следејќи ја нашата евроинтегративна стратешка цел.

Како што соопштија од Министерството, Муртезани во своето излагање пред присутните истакнал дека уникатната позицијата на Балканот честопати го става во фокусот на значајните глобални случувања, па не случајно го опишуваат како срцето или крстосницата на Европа.

-Нашата цел да бидеме дел од европското семејство, не е само усогласување со стандардите на ЕУ, туку и активно применување  на европските вредности, како столбови врз кои сакаме да ја градиме иднината на земјата и на регионот. Го гледаме Балканот како регион на меѓусебно поврзани иднини, каде соработката во инфраструктурата, дигиталните иновации и енергетските проекти може да создаде моќна синергија за регионален раст и стабилност, потенцирал Муртезани.

Меѓу другото, министерот Муртезани во својот говор се осврнал и на Планот на ЕУ за раст на Западен Балкан кој е во суштинска корелација со стратешките цели за квалитетно подобрување на социо-економскиот статус, односно видливо подигнување на животниот стандард на граѓаните.

Тој меѓу другото нагласил дека регионалната соработка е од суштинско значење, Западен Балкан само обединет може да го засили својот глас и влијание на меѓународната сцена, напорите за подобрување на инфраструктурата, при тоа подобрувањето на дигиталната поврзаност и обезбедување енергетска безбедност се од витално значење за одржливиот развој и регионалната кохезија, стои во соопштението. вг/нд/

Фото: Министерство за европски прашања

 

 

Остани поврзан