• четврток, 09 април 2026

Македонското лекарско друштво го одбележува Светскиот ден на здравјето

Македонското лекарско друштво го одбележува Светскиот ден на здравјето

Скопје, 7 април 2026 (МИА) - Македонското лекарско друштво денеска ќе го одбележи Светскиот ден на здравјето - 7 Април.

- Настанот е во насока на одбележување на овој значаен датум, со цел промоција на здравјето, подигање на јавната свест и нагласување на приоритетите во здравствениот систем, во согласност со глобалните активности на Светската здравствена организација, со мотото „Науката ја прави здравствената заштита подостапна“ - се наведува во соопштението на Македонското лекарско друштво.

Најавени се обраќања на министерот за здравство, Азир Алиу, претставникот на СЗО во земјата, д-р Аким Али, и претседателот на Македонското лекарско друштво, проф. д-р Горан Димитров. 

На настанот предвидено е да бидат доделени награди и признанија. бд/ев/

Фото: Македонско лекарско друштво

 

Остани поврзан