• сабота, 16 ноември 2024

Левица во Битола оддаде почит на загинатите бранители во Вејце

Левица во Битола оддаде почит на загинатите бранители во Вејце

Скопје, 28 април 2024

​​​На денешен ден пред 23 години се случи најкрвав и најбрутален масакр во поновата историја на Македонија. Од заседа масакрирани, а потоа живи запалени и ѕверски биле убиени осуммина специјалци и полицајци припадници на специјалните единици „Волци“ и на „Посебната единица на СВР Битола“. 

Во нивна чест, денес во Битола беше посетен Споменикот на Бранителите, од Генералниот секретар и Носител во ИЕ5 Јована Мојсоска, Советникот Горан Велевски и Секретарот на ЛО Битола Бранислава Стојановиќ. Положено беше свежо цвеќе и беше оддадена почит на загинатите. 

Членови на ЛО Битола го посетија и родното место на загинатиот бранител Илче Стојановски, Породин. Положија свежо цвеќе на спомен обележјето на загинатите од Вејце и присуствуваа на настанот оджржан во чест на Бранителот Илче Стојановски. 

И после 23 години, бранителите и нивните семејства се заборавени, а терористите на УЧК се амнестирани и во институциите. Воени злосторства не застаруваат и правда за македонските херои кои го положија животот за Македонија мора да има.

Слава им!

Сектор за медиуми и односи со јавност на ПП Левица

___________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Фото: Левица

Остани поврзан