• понеделник, 01 јули 2024

Леброн Џејмс најдобар стрелец во историјата на НБА

Леброн Џејмс најдобар стрелец во историјата на НБА
Њујорк, 13 февруари 2022 (МИА) - Кошаркарската ѕвезда на Лос Анџелес лејкерс, Леброн Џејмс, влезе во историјата на НБА лигата како најдобар стрелец во регуларниот дел и доигрувањата, надминувајќи го на вечната листа Карим Абдул - Џабар, уште една икона на Лејкерси од 70-те и 80-те години од минатиот век. Џејмс се запиша во историјата по саботниот пораз на Лејкерси од Голден Стејт (115-117) на кој запиша 26 поени и дојде до бројката од 44.152 кошеви, три повеќе од Абдул - Џабар. Поранешниот центар на Милвоки, а подоцна и на ЛА Лејкерс, Абдул - Џабар, сè уште е најдобар стрелец во историјата на лигата во регуларен дел од сезоната со 38.387 кошеви, пред Карл Мелоун (36.929) и Џејмс (36.526). ег/ми/

Остани поврзан