• понеделник, 23 декември 2024

Шифрин победничка на слаломот во Леви, Атанасовска не ја заврши првата трка

Шифрин победничка на слаломот во Леви, Атанасовска не ја заврши првата трка

Леви, 16 ноември 2024 (МИА) – Американката Микаела Шифрин е победничка на денешната трка во слалом возена во Леви, Финска.

Американката до триумфот стигна со вкупно време по двете трки 1:47.20 минута.

Втора заврши Катарина Линзбергер од Австрија, додека третото место и припадна на Лена Дир од Германија.

Трката во Леви е историска за македонското скијање.

Осумнаесетгодишната Јана Атанасовска е првата Македонка со настап во Светскиот куп. За жал, таа не успеа да ја заврши првата трка и остана без пласман. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан