• четврток, 27 јуни 2024

Леброн се искачи на второто место во историјата на НБА по број на асистенции во плејофот

Леброн се искачи на второто место во историјата на НБА по број на асистенции во плејофот
Орландо, 5 октомври 2020 (МИА) – Кошаркарот на Лос Анџелес лејкерс, Леброн Џејмс постигна 25 поени, 10 скока, осум асистенции на третиот натпревар од финалето на НБА плејофот против Мајами (104:115), соопшти прес-службата на лигата. Џејмс се проби на 2. место во историјата на НБА по број на асистенции во плејофот. Сега „кралот“ има 1.842, оставaјќи го зад себе Џон Стоктон со 1.839. Лидер е Меџик Џонсон со 2.346. зс/

Остани поврзан