• четврток, 27 јуни 2024

ЛДП: Уставните измени треба да бидат карта за влез во ЕУ, а не за политички пазарења

ЛДП: Уставните измени треба да бидат карта за влез во ЕУ, а не за политички пазарења

Скопје, 30 мај 2024

Процесот на уставните измени во Македонија е клучен за напредокот на државата во интеграциите со Европската Унија и токму затоа промените кои се неопходни за исполнување на критериумите за членство во ЕУ не треба да бидат предмет на националистички реторики, велат од Либерално-демократската партија.

- Ќе потсетиме дека реформите ќе донесат значителни придобивки за граѓаните и ќе ја зајакнат демократијата и правната држава. Напредокот на преговорите зависи од подготвеноста на сите политички субјекти да ги стават државните интереси пред партиските агенди, бидејќи со членството во ЕУ придобивките ќе ги уживаме сите, додаваат од партијата.

Од ЛДП велат дека Македонија треба да се стреми да стане членка на ЕУ што побргу и земја во која се почитува секој етникум без дополнително заострување на меѓуетничките прашања.

-Да бидеме гласни меѓу нас, ни треба широк консензус кој нема да биде црно-бел, туку ќе даде одговор како овие теми и стравови да не ги сузбиеме само со убедување, туку да обезбедиме од нашите европски партнери дополнителни потврди дека ова не е само една од многуте препреки, велат од ЛДП.

Од партијата напоменаа дека во овие моменти треба да владее демократска атмосфера, а не да се подгреваат етничките тензии.

-Бришењето на формулацијата „јазикот што го зборуваат 20 проценти од граѓаните“ и подгревањето на тензиите при избор на претседател на Собранието повторно создава политички пазар кој не турка назад и може да создаде тензии. Сметаме дека ваквите прашања не треба да се користат за пазарење, заклучија од ЛДП.

 

Либерално-демократска партија

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан