• петок, 28 јуни 2024

Приведени двајца млади битолчани, во нивни куќи пронајдена дрога

Приведени двајца млади битолчани, во нивни куќи пронајдена дрога

Скопје, 26 јуни 2024 (МИА) - Двајца млади битолчани се приведени, откако е пронајдена дрога при претрес во две куќи во Битола, информираат вечерва од Министерството за внатрешни работи.

- Полициски службеници од Секторот за внатрешни работи - Битола во текот на денешниот ден извршиле претрес во две куќи, сопственост на Џ.М., на возраст од 22 години и И.М., на 23-годишна возраст, при што на двете локации, пронајдени се четири најлонски паковки со марихуана, појаснуваат од МВР.

Лицата биле приведени во полициска станица. По документирање на настанот, ќе следува соодветна кривична пријава. бд/дма/

Фото: МИА архива

Остани поврзан