• петок, 16 август 2024

Лајчак: Корисни разговори во Лондон за Западен Балкан

Лајчак: Корисни разговори во Лондон за Западен Балкан

Брисел, 11 јули 2024 (МИА) - Специјалниот пратеник на Европската унија за дијалогот меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак денеска соопшти дека имал многу корисна посета на Лондон, каде што разговарал за развојот на ситуацијата на Западен Балкан.

„Тоа беше исклучително корисна посета на Лондон претходно оваа недела, каде што разговарав за случувањата во Западен Балкан и приоритетите на новата (британската) влада во однос на тој регион“, објави Лајчак на платформата Икс.

Тој додаде дека изрази задоволство поради соработката меѓу Европската унија и Велика Британија, како и заедничките чекори во регионот на Западен Балкан. рп/

Фото: МИА архива

 

 

Остани поврзан