• петок, 28 јуни 2024

Лапорта: Приоритет на Барселона е Ла Лига, но ние би сакале да ја освоиме титулата во Лигата на шампионите

Лапорта: Приоритет на Барселона е Ла Лига, но ние би сакале да ја освоиме титулата во Лигата на шампионите

Барселона, 3 август 2023 (МИА) - Жоан Лапорта изјави дека главната цел на Барселона во сезоната 2023/24 е освојување на шпанското првенство.

 

- Ла Лига беше приоритет минатата сезона, претстојната е исто така важна. Но, ние би сакале да се претставиме подобро во Лигата на шампионите, би сакале да бидеме меѓу претендентите за победа во неа. Сепак, наш приоритет и понатаму е шпанската лига. Големата филозофија на Јохан Кројф беше во Гвардиола, а сега е во Чави. Се разбира, постојат разлики меѓу Пеп и Чави, но и двајцата се тренери со силна личност и го усовршуваат препознатливиот стил на фудбал што Кројф го воведе во минатото, рече претседателот на Барселона.

 

Новата сезона во шпанската Ла Лига почнува за осум дена. Барселона во првото коло ќе му гостува на Хетафе на 13 август.

 

Каталонскиот клуб е бранител на шампионскиот трофеј. зс/

 

Фото: ЕПА

Остани поврзан