• среда, 03 јули 2024

Лапорта активно работи на враќање на Меси во Барселона

Лапорта активно работи на враќање на Меси во Барселона

Барселона, 20 март 2023 (МИА) - Напаѓачот на Пари Сен-Жермен, Лионел Меси може да се врати во Барселона, објави „Goal“.

 

Аргентинецот не планира да го продолжи договорот со парискиот клуб, а претседателот на Барселона, Жоан Лапорта, започна активна работа на враќањето на Аргентинецот по елиминацијата на ПСЖ од Лигата на шампионите.

 

Триесет и петгодишниот напаѓач играше за каталонскиот клуб од 2005 до 2021 година. Како дел од каталонскиот тим одигра 778 натпревари, постигна 672 гола и даде 303 асистенции.

 

Актуелниот договор на Аргентинецот со парискиот тим е пресметан до летото 2023 година.

 

Меси оваа сезона одигра 32 настапи за ПСЖ во сите натпреварувања, постигнувајќи 18 гола и 17 асистенции. зс/

 

Фото: ЕПА

Остани поврзан