• четврток, 04 јули 2024

Крос: Не очекувам дека во петок ќе биде мојот последен натпревар за Германија

Крос: Не очекувам дека во петок ќе биде мојот последен натпревар за Германија

Штутгарт, 3 јули 2024 (МИА) - Германскиот играч од средниот ред, Тони Крос, зборуваше со новинарите пред големата пресметка со Шпанија во петок.

„Дали ова е мојата последна прес-конференција како фудбалер? Тоа помалку ќе ми недостига од фудбалот, тоа е сигурно. Воопшто не сум носталгичен. Не очекувам петок да биде мојот последен натпревар, па претпоставувам дека сите повторно ќе се видиме“, истакна тој.

Крос вели дека интензивно ја проучуваат Шпанија и дека ваквите натпревари се решаваат на средината на теренот.

-Кој и да ги добие дуелите таму, секогаш има поголеми шанси да го добие натпреварот. Акциите на крилата исто така можат да го променат текот на играта. Германија и Шпанија се две селекции кои сакаат да ја контролираат топката. Како ќе оперирате кога ја немате топката, ќе биде клучно. Но, ние сме подготвени, додаде тој.

Триесет и четири-годишниот играч од средниот ред беше прашан и за зборовите на неговиот поранешен соиграч во Реал Мадрид и шпански репрезентативец, Хоселу, кој се надева дека „Фуријата“ ќе го пензионира Германецот во петок.

-Нормално е, тие сакаат да го освојат турнирот. Ќе дадам се од себе да го спречам тоа да се случи. Тие се тука да победат, ние сме тука да победиме. Ќе видиме што ќе се случи во петок. Го познавам, па знам што сакаше да каже, истакна Германецот. дс

Фото: Принтскрин

 

Остани поврзан