• среда, 13 ноември 2024

Кумановската полиција пронашла седумнаесет мигранти од Сирија

Кумановската полиција пронашла седумнаесет мигранти од Сирија

Куманово, 11 ноември 2024 (МИА) - Кумановската полиција ноќва во липковското село Лојане, пронашла седумнаесет мигранти од Сирија, едниот бил повреден, добил здравствена помош, сите се префрлени во транзитниот центар Табановце, информираше денеска поллицијата.

-Денеска во 03:17 часот во село Лојане, липковско, полициски службеници од СВР Куманово пронашле 17 лица мигранти од Сирија, од кои еден бил повреден и од екипа на Итна медицинска помош му била укажана помош, соопшти СВР Куманово.
Мигрантите биле спроведени во транзитен центар Табановце, полицијата презема мерки за расчистување на случајот. ам/са/

Фото: МИА архива

Остани поврзан