• недела, 22 декември 2024

Во финална фаза целосната реконструкција на главната улица во стариот дел на Дебар

Во финална фаза целосната реконструкција на главната улица во стариот дел на Дебар

Дебар, 12 ноември 2024 (МИА) – Во финална фаза е реконструкцијата на улицата „Ибраим Колари“ во најстарите дебарски населби „Вакоф“ и „Варош“.

- Се реализира дамнешната неколкудецениска потреба на жителите на двете населби. Со реализација на овој проект на општината, се става крај на тешкотиите со кои се соочуваа жителите во овој дел на градот, кои до сега користеа улица, која, така да речам, беше вон употреба, целосно оштетена, рече градоначалникот Хекуран Дука.

Тој беше на увид и го следеше поставувањето на првите метри асфалт на улицата, која е во должина од околу илјада метри, за чие уредување потребните средства ги обезбеди владата.

Во споменатите населби живеат неколку илјади граѓани. Главно е концентрирано ромското население, како и семејства кои мигрирале од селските населени места.

- Во иднина не очекуваат многу други инфраструктурни проекти во градот и во руралните средини кои видно ќе го подобрат квалитетот на животот на граѓаните. Тие тоа и го заслужуваат, посочи Дука.

Нагласи дека во завршна фаза е и реализацијата на проект за целосна реконструкција на главната улица во населбата „Ново Коњаре“, во долниот дел на градот.

Проектот опфаќа изградба на атмосферска канализација, што е за првпат, реконструкција на фекалната канализација, нивелирањето на шахтите и асфалтирање.

Истиот се реализира со средства добиени од Бирото за регионален развој со кофинансирање на општината, а вкупната инвестиција изнесува 8,4 милиони денари. вт/ир/

Фото: МИА

Остани поврзан