• понеделник, 25 ноември 2024

МВР Билтен (ДПЛ)

МВР Билтен (ДПЛ)

Скопје, 12 ноември 2024 (МИА) - СВР Тетово поднесе кривична пријава против О.Џ.(19) и малолетник, двајцата од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“.  На 15.08.2024 во Тетово, пријавените физички го нападнале M.З. од Тетово.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.Б.(34) од Тетово поради основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. На 01.08.2024 во село Жеровјане, по претходна расправија, пријавениот физички го нападнал Ф.Х..

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ф.К.(24), Ѓ.Б.(23), К.Л.(24), С.Р.(23) и Х.К.(23), сите од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. На 03.11.2024 во угостителски во Тетово, поради претходни меѓусебни недоразбирања, пријавените го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе кривична пријава против Ј.М.(78) и Д.М.(73), двајцата од село Русиново, беровско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“. На 17.07.2024 на место викано „Суви Лаки“, атар на Берово, по претходна расправија, пријавените физички го нападнале Б.Х. и му нанеле повреди. 

СВР Струмица поднесе кривична пријава против М.А.(21) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“ и против Ѓ.Т.(23) од Радовиш поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „овозможување на употреба на наркотични дроги“. На 18.08.2024 во Струмица, полициски службеници извршиле преглед над второпријавениот, при што биле пронајдени остатоци од кокаин, кој претходно го набавил од првопријавениот.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против И.С.(23) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 17.03.2023, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што биле пронајдени и одземени семки од растението канабис. 

ОВР Кичево поднесe кривична пријава против Ј.Д.(35) од Кичево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На улицата „Елисије Попоски Марко“ во Кичево, пријавениот на А.Д.(34) од Кичево му продал кокаин, кој бил пронајден и одземен од полициските службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при ОВР Кичево.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ш.С.(26) од село Камењане, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 18.08.2024 во близина на угостителски објект во тетовско, кога ги забележал полициските службеници, пријавениот фрлил кутија со кокаин, која била пронајдена и одземена.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против В.Х.(26) од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „овозможување на употреба наркотични дроги“. При контрола на патничко возило „фолксваген пасат“ со струшки регистарски ознаки, во кое бил пријавениот со уште неколку лица, извршена на улицата „Илинденска“ во Охрид, полициските службеници кај него пронајдоа и одзедоа марихуана.

Денеска (12.11.2024) во 09:05 часот на булевар „Крсте Мисирков“ во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишија од слобода М.Л.(50) од Скопје, кој бил баран по централна потерница по наредба на Основен кривичен суд Скопје за издржување затворска казна од две години и два месеци за сторено кривично дело во врска со член 418-б, 418-в (трговија со малолетно лице и криумчарење мигранти) и член 273 (перење пари). Лицето ќе биде предадено на надлежната казнено поправна установа за издржување на казната.   

На 11.11.2024 во 18 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода С.Ѓ.(62) од Штип затоа што агресивно се однесувал во семејниот дом и се обидел со остар предмет да го нападне 31 – годишниот син на неговата невенчана сопруга. Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 11.11.2024 во 13 часот во СВР Штип, Д.М. и Б.З., двајцата од Штип, пријавиле дека околу 09 часот во и пред Основен суд Штип, Ш.Д. и Н.Р. од Штип им се заканувале и се обиделе физички да ги нападнат, откако претходно дале изјави како сведоци во процес во судот. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Денеска (12.11.2024) во 01.50 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода Н.В.(43) од Штип, постапувајќи по претходна пријава дека физички ја нападнал својата 25-годишна сопруга, а употребил и тврд предмет. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 11.11.2024 во 18:10 часот во Берово, полициски службеници од ОВР Берово го лишиле од слобода И.Г.(39) од Берово, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом физички го нападнал неговиот 65-годишен татко. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 11.11.2024 во 15:30 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Л.Ш.(30) од Косово, затоа што се заканувал на неговата вонбрачна 32-годишна партнерка од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 11.11.2024 во 16:30 часот во СВР Скопје, 67-годишна жена од Скопје пријавила дека во семејниот дом на подрачјето на Гази Баба била физички нападната од нејзината ќерка Д.С.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 11.11.2024 во 19:50 часот во СВР Скопје, 31-годишна жена од скопско село пријавила дека во семејниот дом била физички нападната од нејзиниот сопруг Д.П.(46), кој ѝ упатил и закани. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 11.11.2024 во 16 часот во СВР Скопје, 44-годишен маж од Скопје пријавил дека во двор од куќа на подрачјето на Шуто Оризари бил физички нападнат од неговиот син Х.А.(23) од Скопје. По целосно документирање ќе следува соодветен поднесок.

На 11.11.2024 во 15:30 часот во СВР Скопје, А.С.(30) од село Булачани, скопско, пријавила дека, по претходно меѓусебно нетрпение, била физички нападната од И.Ј.(35) од село Мралино, која користела и тврд предмет. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 11.11.2024 во 09:50 часот во СВР Скопје, С.С.(39) од Скопје пријавил дека околу 08:30 часот, неговиот малолетен син додека бил на час во основното училиште во Скопје во кое учел, бил физички нападнат од наставникот. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 10.11.2024 во 16 часот во СВР Скопје, 36-годишен маж пријавил дека околу 13:20 часот во двор од семејна куќа на подрачјето на Шуто Оризари, тој и 31-годишна жена биле физички нападнати од неговата сопруга Е.И.(35) од Скопје, со која подолг период не биле заедно. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 11.11.2024 во 16 часот во СВР Скопје било пријавено дека во кругот на кампот за бездомници „Чичино село“, по претходно недоразбирање, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу М.П.(42) и 50 - годишната Л.А., двајцата од Скопје, со привремен престој во кампот. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 12.11.2024 во 02:28 часот во СВР Скопје било пријавено дека во двор од куќа во село Батинци, скопско, настанал пожар во патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на А.И. од село Батинци. Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема. Увид извршила екипа од СВР Скопје.

На 12.11.2024 во 03:44 часот во СВР Скопје било пријавено дека на паркинг простор на подрачјето на Бит Пазар настанал пожар во патничко возило „фолксваген туарег“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Ј.И.(30) од Скопје. Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема. Увид извршила екипа од СВР Скопје.

На 11.11.2024 во 07:41 часот во СВР Штип било пријавено дека во периодот од 08.11 до 11.11.2024 во објект во кругот на Клиничката болница Штип било влезено со употреба на сила и погоден алат и биле одземени повеќе шишиња и пакувања со лекови и камерата од ѕидот. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 11.11.2024 во 14:45 часот во СВР Скопје, Т.П.(49) од Скопје пријавил дека околу 11:30 часот на подрачјето на Центар, по претходно нерасчистен меѓусебен судски спор, Ј.Д. му се заканувал со тврд предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 11.11.2024 во 23:30 часот во СВР Битола, А.Р.(33) од село Могила пријавил дека во село Могила, неговата малолетна ќерка била касната од куче скитник. 

На 11.11.2024 во 12:10 часот во СВР Куманово, Б.С.(69) од Куманово пријавил дека на градскиот плоштад во Куманово бил каснат од куче скитник. ар/нд/

Фото: МИА архива

Остани поврзан