• недела, 05 мај 2024

Кузеска: Изборите поминаа во фер и демократска атмосфера, ги очекуваме првичните резултати

Кузеска: Изборите поминаа во фер и демократска атмосфера, ги очекуваме првичните резултати

Скопје, 24 април 2024 (МИА) – Портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска вечерва на прес-конференција информираше дека денешниот изборен ден поминал во фер и демократска атмосфера, а граѓаните слободната волја ја изразиле слободно и достоинствено.

Таа истакна дека се констатирани само неколку мали прекршувања на изборниот процес кои, како што кажа, ги сметаат за исклучоци. 

- Изразуваме благодарност до сите граѓани кои денеска излегоа и го дадоа својот глас. Правото на слободно одлучување е највредната придобивка на демократијата, а самото гласање е суштински чин што произлегува од моќта на граѓаните кои одлучуваат за својата иднина, и за иднината на државата, рече Кузеска.

Истакна дека ги очекуваат изборните резулати и оти се уверени дека граѓаните како денеска, така и на 8 мај ќе ја поддржат европската иднина на државата.

На новинаско прашање дека од ВМРО-ДПМНЕ веќе лиферуваат резултати каде има значителна разлика во резулатите, Кузеска посочи дека претседателските избори имаат два круга, информациите се прибираат и оти наскоро ќе излезат со првични резултати. нд/бак/

Фото: МИА

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан