Кривична пријава против двe лица кои со измама изнудувале пари од охриѓани
- СВР Охрид поднесе кривична пријава против Е.И.В.(58) од Бугарија и А.Т.(41) од Охрид осомничени за кривични дела „измама“.
Скопје, 30 мај 2024 (МИА) - СВР Охрид поднесе кривична пријава против Е.И.В.(58) од Бугарија и А.Т.(41) од Охрид осомничени за кривични дела „измама“.
Како што соопшти МВР, од 30 април до 13 мај 2024 година, Е.И.В. и уште едно лице телефонски се јавувале кај повозрасни граѓани на Охрид и лажно се претставувале како службени лица, по што им кажувале дека членови на нивните семејства предизвикале сообраќајни несреќи во кои имало жртви.
-Доведувајќи ги во заблуда, на оштетените им барале пари со цел да ги ослободат од затворски казни, по што А.Т. одел на средба со оштетените, ги земал парите и во соседна земја ѝ ги предавал на Е.И.В. На овој начин, тие извршиле три кривични дела со што се стекнале со вкупна противправна имотна корист од 1.894.983 денари, информира Министерството за внатрешни работи. хс/дма/
Фото: МИА архива