• недела, 07 јули 2024

Крводарителска акција со собрани 79 крвни единици во Делчево

Крводарителска акција со собрани 79 крвни единици во Делчево

Делчево, 4 јули 2024 (МИА) - Општинската организација на Црвен Крст Делчево во рамки на редовните активности за месец јули денеска организираше уште една крводарителска акција. Според информациите кои ги соопштија од организацијата, денеска хуманите граѓани подариле 79 крвни единици.

-Крводарителската акција се одвиваше во најдобар ред, акција во која делчевчани повторно ја покажаа својата хуманост. Иако очекувавме помал број на крвни единици, поради летните одмори, хуманите граѓани повторно се надминаа себеси и подарија вкупно 79 крвни единици, истакнаа од Црвен Крст Делчево.

Од почетокот на годината досега, според моменталните податоци, крводарителите од делчевскиот регион, оствариле половина од предвидениот план за крводарување.

-Очекуваме до крајот на календарската година да го исполниме и надминеме предвидениот план за крводарување, додадоа од Општинската хуманитарна организација.

Следната крводарителска акција, Општинската организација на Црвен крст Делчево ја закажа на почетокот на месец август 2024 година. вс/сст/

Фото: МИА

Остани поврзан