• понеделник, 23 декември 2024

Крводарителска акција со собрани 70 крвни единици во Делчево

Крводарителска акција со собрани 70 крвни единици во Делчево

Делчево, 6 јуни 2024 (МИА) - Во рамки на редовната крводарителска акција во Делчево, денеска хуманите граѓани даруваа 70 крвни единици. Акцијата ја организираше Општинската организација на Црвен крст Делчево во соработка со Институтот за трансфузиона медицина од Скопје.   

-Акцијата се одвиваше согласно нашите очекувања, топлото време не ги спречи граѓаните да даруваат крв, така што ја остваривме предвидената бројка на собрани крвни единици, истакнаа од Црвен Крст Делчево.

Во рамки на крводарителската акција дел од крводарителите се одзваа на поканата за дарување од крвната група нулта позитив која беше потребна за лекување на пациенти кои имаат потреба од истата.

-Посебно им благодариме на хуманите граѓани кои го прифатија нашиот апел за донирање од оваа крвна група со цел да помогнеме онаму каде имаше потреба за тоа. Секако благодарност и до соте кои придонесоа денес да имаме една успешна крводарителска акција, додадоа од Црвен Крст Делчево.

Следната крводарителска акција која ќе се реализира со крводарителите од Делчево, како што најавија од Црвен крст Делчево ќе се одржи на почетокот на месец јули оваа година. вс/нд/

Фото: МИА

Остани поврзан