• вторник, 05 ноември 2024

Крводарителска акција во Кавадарци, обезбедени 37 единици крв

Крводарителска акција во Кавадарци, обезбедени 37 единици крв

Кавадарци, 17 јануари 2024 (МИА) - Триесет и седум крвни единици се обезбедени во денешната прва доброволна крводарителска акција за 2024 година, во Кавадарци. Акцијата се реализираше во салата за состаноци во зградата на кавадаречката локална самоуправа, а во организација на Црвен крст Кавадарци.

- Акцијата ја реализираше екипа на ИТМ Скопје, со кои мора да нагласиме дека имаме одлична соработка. Кавадарчани и росоманци се хумани луѓе, тие се свесни дека секое дарување крв спасува нечиј живот, нагласи за МИА, Димитар Каракулев, претседател на кавадаречкиот Црвен крст. 

Каракулев се осврна на многубројните резултати во функционирањето на Основната организација на Црвен крст, а меѓу другото, нагласи дека кавадаречката организација е на врвот по крводарување и годинава што измина,  на прво место по проекти со млади, за промоција на хумани вредности. свд/сст/


Фото : Црвен крст 

Остани поврзан