• четврток, 19 декември 2024

Крај на една ера: Навас ќе го одигра својот последен натпревар на 14 декември

Крај на една ера: Навас ќе го одигра својот последен натпревар на 14 декември

Севиља, 18 ноември 2024 (МИА) - Капитенот на Севиља, Хесус Навас, ќе го одигра својот последен натпревар за тимот на домашен терен против Селта Виго на 14 декември, пишува весникот „Мундо Депортиво“. Тој веќе најави дека нема да продолжи да игра во 2025 година. Натпреварот од 17. коло на Ла Лига е на стадионот „Санчез Писхуан“ во 18:30 часот по македонско време.

Навас, кој за неколку дена ќе наполни 39 години, за Севиља забележа 512 официјални настапи и постигна 26 гола. Во периодот 2013-2017 година, десниот играч за врска настапуваше за англискиот гигант Манчестер Сити, за кој имаше 123 натпревари и 4 гола.

Навас за шпанската репрезентација има 56 натпревари со 5 гола.

Неодамна и донесе победа на Севиља над Хетафе од 1:0, со што стана најстариот играч кој постигнал гол за клубот со 38 години и 298 дена, соборувајќи го рекордот на Серхио Рамос.

Хесус Навас летово со Шпанија стана европски првак, предводејќи ја селекцијата со капитенската лента на мечот против Албанија во групната фаза (1:0). дс

Фото: Архива

Остани поврзан