• понеделник, 20 мај 2024

Костовски: Бесправно изградени објекти и узурпација во општина Бутел нема да има

Костовски: Бесправно изградени објекти и узурпација во општина Бутел нема да има

Скопје, 14 јули 2023 

Се додека јас сум градоначалник на Општина Бутел законите ќе важат за сите подеднакво, без отстапки.

Јас работам во интерес на моите сограѓани, постапувам и сум на страна на чесните луѓе.
Во Општина Бутел нема место за бесправно изградени објекти и узурпации на државно земјиште.

Без разлика кој од каде доаѓа, без разлика кој на која позиција се наоѓа, без разлика дали некој ми е роднина, пријател, другар или комшија законите мора да важат за сите исто. Никој нема право да зема моќ и да мисли дека е над законот.

Денес во утринските часови беше отстранен бесправно изграден објект на државна парцела во близина на булеварот Христијан Тодоровски Карпош.

Ако во минатото ова било секојдневие, денес имаме поставено ред во урбанизмот и за урбаната мафија нема место во Општина Бутел.

За мене додека сум градоначалник сите граѓани ќе бидат исти и еднакви!

 

Линк од фб статус:


https://www.facebook.com/watch/?v=832226414998101&extid=NS-UNK-UNK-UNK-IOS_GK0T-GK1C&mibextid=2Rb1fB&ref=sharing

 

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

Остани поврзан