• петок, 22 ноември 2024

Тимовите на СТЕМ Академија освоија прво и второ место на Глобалната спортска роботска олимпијада во Грција

Тимовите на СТЕМ Академија освоија прво и второ место на Глобалната спортска роботска олимпијада во Грција

Скопје, 20 мај 2024 (МИА) - Тимовите на СТЕМ Академија, Скопје Space Walkers и Space Walkers Jr. се апсолутни победници на Глобалната спортска роботска олимпијада  (ROBOTSPORTS COMPETITION GLOBAL OLYMPIAD) што се одржа на Крит, Грција, во периодот од 26 до 29 април. Тие го освоија првото и второто место во престижната категорија „Пентатлон арена“ во конкуренција на 1450 тимови од 36 земји.

Како што соопштуваат од СТЕМ Академија, оваа категорија е позната по своите предизвици и бараше од тимовите да дизајнираат и програмираат самонаведувачки роботи. Роботите треба да завршат најмалку пет сложени мисии на специјализирано роботско поле. Тимот Space Walkers се истакна со освојување на најголемиот број на поени меѓу сите тимови учесници, покажувајќи квалитет во тимската работа, кои создадоа робот со исклучителни можности и одличен дизајн.

Тимот на Space Walkers Jr освои второ место во истата категорија, но доби и награда за Иновативен проект. Нивната презентација е препознаена како најдобра, со што се издвои вредоста на СТЕМ Академија, Скопје во поттикнување на креативноста и развој на комуникациските вештини кај своите студенти.

-Перформансите на тимовите на СТЕМ Академија се гордост не само за нас, туку нивниот успех ги истакнува талентот и потенцијалот на македонската младина. Воедно ја покажува и апсолутната посветеност на академијата во поттикнување на критичко размислување, решавање проблеми, иновациите и зголемување на нашата видливост на глобалната сцена, со човечките потенцијали кои ги имаме, вели Жарко Поп-Илиев, извршен директор на СТЕМ Академија, Скопје.

Достигнувањата на Space Walkers и Space Walkers Jr. се резултат на повеќемесечната посветена подготовка, почнувајќи од ноември 2023, под стручно водство на искусни тренери од СТЕМ Академијата, со кои ги усовршуваа своите вештини и верзии на роботи кои ќе можат да постигнат вака престижни резултати.

Успехот на Глобалната спортска роботска олимпијада, е најголем досегашен успех на СТЕМ Академија, на кој му претходеа второто место на FIRST Lego League Open, Либан 2019 година, најдобар тим на First Lego Adria League во Целје, 2019, најдобро инженерско решение и најдобро иновативно решение на медитерански СТЕМ натпревар во Атина 2024 година, одржан на 29 и 30 март. На локална сцена тимовите победија во категоријата Роботска Игра и најдобар дизајн на робот во националното првенство на FIRST LEGO LEAGUE 2022 и 2023 година.

Вредностите на СТЕМ Академија за тимска работа, упорност и континуирано учење се прикажани преку овие исклучителни достигнувања на глобалната сцена. Како организација посветена на обликувањето на следната генерација иноватори, СТЕМ Академија, се посчува, се гордее со достигнувањата на своите ученици и очекува да инспирира за поголем успех кај идните лидери во СТЕМ дисциплините.

СТЕМ Академија е водечка образовна организација посветена на обезбедување иновативни програми СТЕМ (наука, технологија, инженерство и математика) за ученици на возраст од пет до 16 години. Со фокус на практичното учење, апликациите од реалниот свет и меѓународната соработка, СТЕМ Академија ги поттикнува студентите да напредуваат во областите на науката и технологијата кои брзо се развиваат. СТЕМ Академија е единствена организација од земјава која е глобално акредитирана за СТЕМ образование. вг/

Фото: СТЕМ Академија

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан