• среда, 24 јули 2024

Косовските специјалци на протест пред владата со барање за повисоки примања

Косовските специјалци на протест пред владата со барање за повисоки примања

Приштина, 9 декември 2023 (МИА) – Припадниците на Специјалната единица за интервенции (ЊСИ) на косовската полиција, заедно со другите специјални единици, ќе протестираат денеска пред зградата на Владата на Косово, со барање за измени во категоризацијата на работните места и поголеми надоместоци за ризик во работата, јави дописникот на МИА од Приштина.

Веста за косовските медиуми ја потврди и претседателот на Синдикатот на полицијата, Имер Зеќири, кој рече дека на протестот, закажан за 12 часот, ќе учествуваат и тие како синдикат.

Специјалците со истите барања протестираа и на 1 ноември, кога најавија дека ќe организираат нови протести до исполнувањето на нивните барања, но се откажаа од намерата откако премиерот Албин Курти ги повика на состанок. По таа средба Владата на Косово донесе одлука за надоместоци за ризик во работата за припадниците на косовската полиција, но специјалците и полицискиот синдикат изразија незадоволство од таа одлука. иа/мс/

Остани поврзан