• сабота, 12 октомври 2024

Косовскиот вицепремиер Бислими на средба со Лајчак

Косовскиот вицепремиер Бислими на средба со Лајчак

Приштина, 10 октомври 2024 (МИА) – Првиот вицепремиер и главен преговарач на Косово во дијалогот со Србија, Бесник Бислими денеска ќе оствари средба со специјалниот емисар на Европската Унија за дијалогот меѓу Приштина и Белград, Мирослав Лајчак, јави дописникот на МИА од Приштина.

На вчерашната прес-конференција по седницата на косовската Влада, Бислими рече дека Лајчак работи на закажување на следната средба на главните преговарачи на двете држави.

- Емисарот Лајчак работи на закажување на следната средба на главните преговарачи. Не знам кога ќе биде таа средба. Ќе се сретнам со Лајчак утре (денеска) и потоа ќе можеме да се договориме како понатаму, рече Бислими. иа/ми/

Остани поврзан