• сабота, 21 декември 2024

Шолц ќе ја посети Турција на 19 октомври

Шолц ќе ја посети Турција на 19 октомври

Берлин, 11 октомври 2024 (МИА) – Германскиот канцелар Олаф Шолц се очекува следната недела да ја посети Турција каде ќе се сретне со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, соопшти денеска германски официјален претставник.

Како што јавува Анадолија, Ердоган ќе го пречека Шолц во Истанбул на 19 октомври, по што ќе следува прес-конференција, изјави за новинарите во Берлин заменик владиниот портпарол, Волфганг Бухнер.

Бухнер рече дека не може да даде повеќе детали за содржината на средбата, истакнувајќи дека на дневен ред се очекува да бидат војната во Украина и ситуацијата на Блискиот Исток, како и миграцијата, билатералните односи и економските политики.

Тој рече дека војната во Украина ќе биде важна тема за време на посетата, нагласувајќи ја улогата на Турција како „важен партнер“ по ова прашање.

Остани поврзан