• четврток, 21 ноември 2024

Кинескиот премиер: Кина сака да ги зајакне односите со ЕУ

Кинескиот премиер: Кина сака да ги зајакне односите со ЕУ

Виентиан, 11 октомври 2024 (МИА) – Кинескиот премиер Ли Чијанг денеска изјави дека Кина сака да ја зајакне тенденцијата на стабилни и позитивни односи со Европската унија, да ја зголеми стратешката меѓусебна доверба и да ја продлабочи соработката.

- Кина сака со ЕУ да даде поголем придонес за благосостојбата на луѓето и да придонесе за глобалниот мир и развој, рече Ли за време на состанокот со претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, на лидерскиот состанок за соработка во Источна Азија во Виентиан, објави ЦРИ.

Следната година ќе се одбележат 50 години од воспоставувањето дипломатски односи меѓу Кина и ЕУ. јт/

Фото: Х

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан